Македонија
26. јуни 2020 - 17:03

Раздвижено и на граничните премини кон Албанија, Ќафасан и Свети Наум

По отворањето на границите има раздвиженост на премините Ќафасан и Свети Наум на македонско-албанската граница . Македoнските државјани и странците од денеска непречено се движат без приложување на тест и карантин. Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција.На граничниот премин Ќафасан до 14 часот влез во државата оствариле вкупно  696 патници од кои 584 се странски државјани.

На граничниот премин пак Свети Наум вкупниот број на влез на странски и наши државјани е 52 патници.

Како што велат надлежните влезот и излезот на граничните премини се одвива непречено .

Инаку од 1 јули ќе биде отворен и аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид но  со нови правила за патување, со цел спречување на влез и ширење на COVID-19.