Македонија
7. February 2016 - 13:16

Разбојништво врз скопјанец

Три засега непознати сторители утринава околу 00:10 часот извршиле разбојништо над Д.А.(18) од Скопје при што му одзеле мобилен телефон „Хуавеј“ со што се стекнале се со противправна имотна корист од околу 14.000 денари. 

Како што информира МВР, сторителите го пресретнале оштетениот на Камениот мост во Скопје во правец кон центарот на градот, му го попречиле движењето, а едниот од нив му се заканил со нож. Откако Д.А. им го дал мобилниот телефон го напуштиле местото на настанот.

Полициската станица-Центар презема мерки за пронаоѓање на сторителите.