-->
-->
Разбојништво во Скопје: Ограбен таксист среде бел ден
-->
Скопски таксист ограбен среде бел ден, крадците му извадиле пиштол и му ги собрале сите пари. Според информациите на МВР, утирнава околу 08.00 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво над Г.Н.(49) од Скопје. Додека вршел такси дејност со патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сторителите со закана со пиштол му одзеле околу 5.500 денари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари