Македонија
10. September 2018 - 14:10

Разбојништво во Скопје: Ограбен таксист среде бел ден

Скопски таксист ограбен среде бел ден, крадците му извадиле пиштол и му ги собрале сите пари. Според информациите на МВР, утирнава  околу 08.00 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво над Г.Н.(49) од Скопје. Додека вршел такси дејност со патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сторителите со закана со пиштол му одзеле околу 5.500 денари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.