Македонија
19. September 2017 - 14:12

Разбојништво во Скопје

 Синоќа околу 20.30 часот на ул. „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, во близина на бензинска пумпа, три непознати лица извршиле разбојништво над Б.А. (60) од Илинден-Скопје. Кога Б.А. застанал со своето патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, му се доближило непознато женско лице кое му понудило сексуална услуга, но откако Б.А. ја одбил, таа се обидела насилно да му го одземе паричникот од џебот на маицата, викајќи и удирајќи го по главата. Откако му го одзела паричникот, се доближиле  две машки лица, на кои таа им го фрлила паричникот.  Едно од лицата го нападнало Б.А., а притоа женското лице ги одзела парите од паричникот, го фрлила во возилото и побегнала во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.