Македонија
3. August 2018 - 14:07

Разбојништво во бензинска пумпа на излезот од Струга кон Дебар

Две непознати лица рано изутрината извршиле разбојништво во бензинска пумпа на излезот од Струга кон Дебар, информира МВР.

Сторителите со закана со пиштоли од вработените одзеле неутврдена сума на пари од дневниот пазар, по што побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.