Македонија
17. May 2019 - 15:35

Разбојништво пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје - еве што одзеле крадците

Четири лица избвршиле разбојништво пред Скопскиот центар Борис Трајковски. Како што информираат од полцијата, вчера во 19.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во забавниот парк пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, помеѓу бул. „8-ми Септември“ и бул.„Илинден“, четири непознати лица извршиле разбојништво врз 17-годишник од Германија и 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, сторителите со закана им одзеле два мобилни телефони. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот