Македонија
16. November 2018 - 13:37

Разбојништво на бензинска во Скопје - крадците го одзеле целиот дневен промет

Разбојништво во Скопје, ограбена бензинска пумпа. Како што стои во билтенот на МВР, утринава  во 02.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Методија Андонов Ченто“. Сторителите со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет и побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.