Живот
14. March 2019 - 16:24

Разбојник и ги врати парите на жената која ја ограби откога и го виде салдото на сметката - камерите го снимија како си заминува смеејќи се

Еден необичен кинески разбојник привлече многу внимание на интернет кога на жена, која ја ограбил, и ги вратил парите.

Тој и скокнал на жената врз грб кога таа застанала пред банкоматот, па и ги зел парите кои ги подигнала.

Бидејќи таа во страв му дала мала сума, разбојникот не бил задоволен, па побарал повеќе. И се заканил со нож и и рекол да подигне уште пари. Кога ја отворила сметката, разбојникот почнал да се смее - на неа немало воопшто пари.

На разбојникот му било жал, па и ги вратил украдените пари.

Камерата го сними како се смее додека си заминува. Сепак подоцна секако е уапсен, и одведен во полициска станица.