Македонија
21. April 2016 - 14:25

Разбојници нападнале брачен пар на Партизанска

Во 15 часот и 45 минути во полиција скопјанка пријавила дека со сопругот преживеале драма. Се работи за 75-годишната М.Ч. од Скопје која вчера се јавила во полиција и пријавила дека додека се враќала дома со својот сопруг, 84-годишниот Т.Ч. во влезот на зградата на булеварот „Партизански Одреди“ две непознати лица со употреба на физичка сила се обиделе да им извршат разбојништво.

Откако сопругот пружил отпор, истите избегале.

Полицијата трага по разбојниците.