Балкан
1. August 2016 - 11:17

Разбеснето девојче ги полило со солна киселина полицајците и социјалните работници

 
Во Алексинац вчера утрово околу 9 часот и 30 минути се случила драма кога 14-годишна малолетничка ги полила со солна киселина полицајците и социјалните работници.
 
Девојчето чиј идентитет не се открива дошло во канцеларијата на социјалните работници и започнало расправија. Била повикана полиција бидејќи детето одбивало да се смири, па се разбеснило и ги полило со солна киселина сите во просторијата.
 
За среќа, никој не е тешко повреден. Најверојатно, како што пишува Вечерње новости, детето има психички проблеми.