Живот
25. May 2018 - 15:04

Разбеснетата толпа се пресмета со градоначалникот: Не можеа повеќе да ги трпат неговите лаги па го направија ова

Алфонсо Хернандез Монтиел, градоначалникот на градот Чичикила во Мексико го заробија неговите сограѓани.

Монтиел имал само уште 6 месеци до истекот на мандатот, а бидејќи не исполнил ништо од ветеното во кампањата, ги разбесни сограѓаните. Меѓу проектите кои ги вети беше изградба на важен мост.
 

Во неделата дојде до протест пред градското собрание. Во еден момент бесните демонстранти ги совладаа неколкуте полицајци кои беа присутни во Монтиел и неговите соработници ги затворија во зградата. Рекоа дека повеќе ништо не му веруваат и побараа да плати  506.000 долари ако сака да го ослободат.

Нагласија дека парите ќе одат за проекти кои тој ги вети во кампањаата.

Ел Сол де Пуебла пишува дека преговорите траат неколку часа. Митиел рече дека ќе плати 152.000 долари, а остатокот ќе го даде во наредните денови. Иако тврдеа дека не му веруваат ништо, сограѓаните сепак се согласија на таа спогодба и го пуштија.

Наводно во вторникот градската власт објави дека не платил ништо, туку дека луѓето градоначалникот го пуштиле доброволно. Медиумите пишуваат дека е можно власта да платила, но тоа е демантирано за да не мора да поднесе пријава против луѓето кои го заробија градоначалникот.