Loading Video...
Ракомет
8. January 2019 - 15:22

Раул вечерва ќе „пресече“ кој патува на Мундијалот

По последниот тренинг во Скопје (вечерва од 18 часот), селекторот Раул Гонзалез се очекува да го соопшти конечниот список на играчи на кои ќе смета за Светското првенство. 
 
Најверојатно, Шпанецот за Минхен ќе повика 18 ракометари, па кои двајца ќе останато во Скопје останува да се види. За очекување е некој од помладите да чекаат друга можност за настап на големо натпреварување.  
 
Но без разлика кои ќе отпатуваат за Германија, левиот бек Филип Талевски очекува сите да го дадат максимумот. 
 
Ракометарите утре наутро ќе патуваат за Минхен, а веќе во петок против Јапонија ќе го одиграат првиот меч на Мундијалот.  Противници на „црвено-жолтите“ во групата Б редоследно ќе бидат и: Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. 
 
Првопласираните три репрезентации ќе се пласираат во следната фаза.