Ракомет
10. October 2016 - 0:13

Раул: Одигравме подобро во вториот дел

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и третата победа во групата Б од Лигата на шампионите. на гостувањето во Цеље, Вардар го совлада истоимениот ривал со 32.26 (15:15).

По дуелот тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез изјави:
- Одигравме со многу грешки во првото полувреме и нашата одбрана не беше на потребното ниво. Во второто полувреме одбраната беше на повисоко ниво и Штербик беше подобар. Ние сме среќни поради победата и навистина е тешко да се победи во Цеље.
Вардар се наоѓа во групата на три екипи со максимални три победи. Покрај Вардар тоа се уште: Барселона и европскиот првак Киелце.
Следниот натпревар Вардар го игра на домашен терен против ПИК Сегед на 16.октомври.