Loading Video...
Ракомет
9. January 2019 - 13:29

Раул направи принудна измена пред заминувањето на Мундијалот

Македонските ракометари утринава замина за Минхен, каде во утре ќе го започнуваат својот настап на Светското првенство. 
 
По последниот тренинг во Скопје, на кој се повреди левото крило Димитар Димитриоски селекторот Раул Гонзалез принудно направи измена во список на играчи кои отпатуваа за Германија. Така покрај голманот Томовски, во Скопје остана и Димитриоски, кој на синоќешниот тренинг го повреди скочниот злгоб. Неговото место меѓу 18-те на списокот на Гонзалез, го зазема клупскиот колега Лазаревски.
 
 
„Црвено-жолтите“ кои ќе настапуваат во групата Б, првиот меч на Мундијалот ќе го играат во петок од 15:30 часот, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Јапонија. Во трката за трите места кои водат во втората фаза, Македонија редоследно ќе се бори и со: Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. 
 
Шампионатот ќе започне утре со настапот на домаќините, односно дуелите во кои Германија се среќава со Кореја, додека Данска игра против Чиле.