Loading Video...
Ракомет
29. December 2018 - 17:15

Раул: Ќе видиме како ќе делуваме дури по контролите со Србија

Ракометарите веќе сериозно се навлезени во подготовките за Мундијалскиот настап во јануари. 
 
Избраниците на Раул Гонзалез продолжуваат со работа, но сега во Автокоманда. 
 
Селекцијата ќе биде значително подмладена, па  селекторот Гонзалес, не сака да дава прогнози и најавува дека ќе се оди чекор по чекор. 
 
„Не знам како ќе делува тимот на терен, не можеме да дадеме пример затоа што не сме играле мечеви во овој состав. Кога ќе играме ќе видиме. Имаме промена, некои не може да дојдат и јас треба сега да работам со сите играчи. Не знам како ќе биде, одиме чекор по чекор, ќе направиме анализа на сите противници. Се очекува добар старт, но не знаеме многу за ривалите“ изјави Раул. 
 
Контролата Гонзалес ќе може да ја направи во двата пријателски натпревари против Србија на 4 и 5 јануари во Скопје, кои се и единствени за црвено-жолтите пред стартот на Светското првенство кое ќе го започнат на 11 јануари со дуелот против Јапонија.