Ракомет
5. May 2017 - 8:20

Раул: Ќе биде тешко и на гости, но добро е што победивиме и со пет разлика

На своето деби како селектор на Македонија раул Гонзалез постигна победа над Исланд со 30:25. Македонската репрезентација делуваше препородено, а во играта имаше сосема мали падови.

- Натпреварот беше тежок, но сега сме со шанса да ја минеме групата, дека победивме со пет разлика, а тоа го направивме малку по малку. Знаете водевме четири на крајот од првиот дел кој заврши два разлика, потоа противникот поведе, но успеавме да се вратиме и дојдовме до пет разлика. Во групата сите селекции се изедначени и ова може да биде важно. Ќе се подготвиме добро за реваншот, сега Исланд треба добро да мисли, изјави шпанскиот стратег на клупата на Македонија.