-->
-->
Раул Гонзалез: Со добра мотивација може да победиме и во Рејкјавик
-->
Шпанскиот стратег Раул Гонзалез имаше успешно деби на кормилото на македонската ракометна репрезентација. Новиот предводник на Македонија, со победа над Исланд го започна селекторувањето со црвено-жолтите.
Гонзалез е свесен дека е завршена голема работа, бидејќи триумфот над силниот Исланд ги зголемува шансите на Македонија за пласман на едно од двете места во квалификациската група кои носат настап на Европскиот шампионат во Хрватска.
Гонзалес верува дека доколку играчите одиграа со голема мотивација и на гостувањето во Рејкјавик, црвено-жолтите може да се надеваат на победа.
- Беше многу тешко и сега имаме многу шанси да ја минеме групата. Ќе биде многу тешко во гости, но со мотивација ќе се обидеме да победиме. Сега ние нама да имаме притисок на мечот во Рејкјавик, нашата задача ја завршивме, сега притисокот е кај Исланѓаните, изјави Гонзалес по мечот.
Инаку, во оваа група во која покрај Македонија и Исланд се уште Украина и Чешка, сите шест одиграни натпревари завршија со победи на домаќините. Дуелите од следното 4.коло ќе се играат претстојниот викенд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право