Loading Video...
Ракомет
28. May 2018 - 13:21

Раул Гонзалез го објави поширокиот список за мундијалските бараж дуели со Романија

Ден по завршувањето на фајнал-фнал форот во Келн, каде Вардар заврши како четврто пласиран тим, тренерот на црвено-црните и селектор на македонската репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список на сениорите за бараж натпреварите за СП со Романија
 
На поширокиот список на  Гонзалез, се најдоа 28-мина ракометари, од кои Шпанецот, ќе ги одбере 16-мината за двете бараж средби против Романија преку која ќе се брка пласман на Светското Првенство 2019 година во Германија и Данска.
 
Во однос на последниот собир Европското првенство во Хрватска, Гонзалез  нема да смета на повредениот Ацо Јоновски, а на список ги нема ниту Марко Нелоски, Дарко Димитриевски и Марио Танкоски. 
 
Затоа нови имиња се: Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски, Костадин Петров и Димитар Димитриоски. 
 
Првата средба од баражот се игра на 10 јуни во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 20.30 часот, додека реваншот во Романија е на 13 јуни во Клуж со почеток од 17.30 часот.
 
 
На списокот на Гонзалез се следниве ракометари:
 
Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски
 
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
 
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
 
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров.