Loading Video...
Ракомет
12. January 2019 - 18:35

Раул: Ако и следниот дуел биде како претходниот ќе бидам задоволен

Македонската ракометна репрезентација во релаксирана атмосфера го имаше денешниот тренинг во Олимпијахале, каде вчера во првиот дуел од СП во групата Б во Минхен ја совладавме Јапонија со 38:29. Но, следниот чекор на Мундијалот е нов предизвик селекцијата на Бахреин, која вчера на отворањето загуби од европскиот првак Шпанија со 33:23.

Пред тренингот во изјава со македонските новинари селекторот Раул Гонзалез истакна:

- Совладана е Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Имаат ист начин на игра затоа треба добро да се подготвиме и да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Ако имаме шанса, ќе имаме и успех. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаат негатива од три разлика и тоа против европскиот шампион, а Бахреин имаше и шанса и да намали и на два разлика. Затоа треба да имаме многу почит и не треба да се опуштиме. Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, треба да внимаваме и на разликата особено кога се игра во група. Ако е потребно ние сега имаме и добра гол разлика. Ние ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Играта на Бахреин е различна од таа на Јапонија впрочем и различен тип на играчи се. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен.

Дуелот Македонија - Бахреин се игра утре (недела) со почеток во 14 часот.