Македонија
1. September 2018 - 16:03

Расветлено убиството во Охрид- приведен осомничен кој бил близок со убиената жена

Во Струга синоќа бил приведен охриѓанец осомничен за бруталното убиство на 47 годишната Благуна Петкоска во Велгошти. Од охридската полиција не откриваат во какви релации бил со убиената, но велат дека е е со криминално досие и добро познат во нивната служба. Телото на Благуна која била со кеса на главата го пронашле соседите. Засега нема официјална потврда кои се мотивите за грозоморниот чин.

-На телото има траги на насилство, направивме криминалистичко технички обид и сите предмети најдени ќе бидат дел од истрагата и со сите мерки кои ги преземаме се надевам дека насдкоро ќе има и поднесување на кривична пријава, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Убиената Благуна имала две полнолетни деца и работела како шивачка во сопствен дуќан до куќата во Велгошти. Соседите не знаат кој можел да го изврши убиството, но често слушале расправии од куќата со нејзиниот љубовник.

-Често слушавме карање, викање со тој нејзиниот невенчан сопруг, незнам, таа не смееше ниту да пријави, тој се закануваше, вели сосед на убиената Благуна.

По наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на убиената. Обдукцискиот наод како и трагите пронајдени во домот на Благуна треба да покажат, кој и зошто ја убил 47 годишната жена од Велгошти.