Македонија
23. November 2021 - 17:19

Растревожени и револтирани роднините на патниците со часови чекаа пред Беса Транс

Растревожени и револтирани роднини на патниците кои беа на патувањето во организација на Беса Транс со часови чекаа пред туристичката агенција со надеж дека ќе добијат информации за состојбата на своите блиски.

Наместо да добијат одговори, наидоа на затворена врата.

Не можејќи да стапат во контакт и да ја дознаат состојбата на своите блиски, дел од роднините се обидуваа телефонски да добијат информација дури и од болницата каде се сместени повредените, а некои се упатија и кон местото на несреќата. Неизвесноста за нив, велат, е најтешка.

Викенд патувањата за Истанбул веќе подолго време се во понудата на туристичката агенција Беса Транс. Според информациите од Државниот инспекторат за транспорт, агенцијата ги имала сите потребни лиценци и дозволи за слободен меѓународен превоз. Но, имало и пријави за непочитување на Ковид протоколите.

Полицијата во текот на целиот ден беше присутна и го обезбедуваше претставништвото на Беса Транс во близина на Старата Скопска Чаршија. Освен за Турција, агенцијата превезува организира тури и во неколку други држави.