Бизнис
8. March 2019 - 19:36

Растот во последниот квартал лани 3,7 отстo, владата се фали, за експертите државата се уште е нефункционална

Економијата заживува. Економскиот тим од Владата се пофали со најновите статистички податоци. БДП во четвртиот пораснал за 3,7%, а во цела 2018 година за 2,7% што значи дека владините проекции се оствариле затоа што биле реални.

Најслабата алка лани беше градежништвото. По негативата од три квартали, во последните три месеци растот надминал 19%, па 2018 ја заврши со симболичен раст од 0,2%. Раздвижувањето во последните три месеци веќе се интензивира.

Лани и земјодлествто излегло од негативна, и според министерот Николовски се стабилизира.

Но, за експертите токму овие два сектори, аграрот и градежништовото не носат дадена вредност за вкупната економија туку се профитабилни само за инветситорите. Иако бројките се позитивни, земјава се уште не е функционална, политичките и меѓуетнички односи се кревки, а проблемот со иселувањето станува алармантен. Освен младите луѓе, змејава нема што друго да понуди на иневститорите кои треба да бидат двигатели на растот.

Според Адеми, заради миграцијата се намалува и невработеноста. Според статистика пак, таа на крајот на 2018 била најниска досега и паднала под 20%.