Македонија
6. December 2018 - 13:30

Растот на БДП од 3 отсто потврда за успешноста на владините економски политики

Последниот официјален податок на Државниот завод за статистика, што покажува раст на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третото тримесечје од 2018 година ја потврдува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од овој раст во последниот квартал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата бележеше пад од -1,3 отсто. За нешто повеќе од една  година, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец.

Растот на економијата покажува дека економските политики даваат резултат.

Ваквиот позитивен тренд на раст на економијата дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите што обезбедуваат економски раст, поголеми плати и пензии, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.