Џет-Сет
17. January 2017 - 20:31

Растеше без мајка, а судбината и го зеде и таткото: Пинк ѕвездичката остана сираче

Иако минатиот викенд помина во следниот круг од популарното натпреварување „Пинк Ѕвездички“, Валентина немаше многу време за радување зошто ја погоди најтажната можна несреќа.

Таткото на натпреварувачката во Пинк Ѕвездичките Валентина Стојановиќ вчера почина.

Нејзиниот татко ја бодреше од бекстејџот на снимањето на популарното шоу, но за жал, повеќе нема.

Инаку, Валентина минатиот викенд помина во наредниот круг од популарното натпреварување за деца. На снимката се гледа нејзиниот татко како ја бодри.

Инаку, да биде тагата поголема, Валентина немаше мајка и сега остана и без татко. За неа како и досега ќе продолжи да се грижи бабата.