Бизнис
4. July 2018 - 19:53

Расте сивата економија во Македонија

Расте сивата економија во земјава. Според ОЕЦД и Светска банка 25% од економските текови се одвиваат во сивата зона.

Алармантено е што официјалните податоци за оваа година покажуваат рапиден раст на фирми што се дерегистрирале и преминале во сивата зона. Тие не учествуваат со ниту еден денар во БДП.

Властите велат дека борбата на инспекциските служби со сивата економија треба да е перманентна, а не кампањска.

Според анализите на Сојузот на стопански комори, сивата економија е најзастапена во секторите транспорт, градежништво, услужни дејности и земјоделство.

Податоците од Светска банка покажуваат дека во Македонија 55,5% од фирмите се борат против нерегистрирани субјекти, што е најголем процент во регионот.