Македонија
8. March 2017 - 10:45

Расте нивото на Охридското Езеро

Нивото на Охридското Езеро расте и според најновите податоци на Управата за хидрометеролошки работи е осум сантиметри над дозволениот минимум.

Неделната хидролошка состојба покажува дека водостоите на сите реки се под просекот за март. 
 
Особено ниски се нивоата на Црна Река кај Новаци и на Црн Дрим кај Ложани, а најблиску до просекот се нивоата на Крива Река кај Паланка, Вардар кај Велес и Сушево кај Струмица.