Бизнис
20. December 2018 - 16:50

Расте незадоволнството кај граѓаните од „Македонски пошти“

Македонска пошта се сведе на фирма која доставува главно сметки, но и тоа не го прави како што треба. Агенцијата за пошти која го надгледува поштенскиот пазар констатира дека во текот 2017 година имало над 2000 рекламации. Бројот на рекламации е дури и мал ако се земе превдид сложената процедура за жалба заради која голем број граѓани се откажуваат.   Пратките не стигнуваат навреме ниту во градските средини, а тоа нема да се подобри се додека Макеоднска пошта има монопол на пазарот.

Иднината на поштенскиот пазар треба да се бара во он лајн трговијата. Преку неа лани во светот се истргувани еден трилион долари. Но во земјава и таа каска заради високите царини. Имено, при увоз на стоки за лична употреба преку патен сообраќај царина не се плаќа за вредност до 350 евра, а преку електронско тргување лимитот е 22 евра.

Во поштенскиот сектор во земјава работат нешто над 3000 луѓе. 2200 од нив се вработени во Макеоднска пошта каде бројот на вработени расте, иако обемот на работа паѓа секоја година.