Расте напнатоста меѓу мигрантите на Хиос
Се зголемува загриженоста во врска со ситуацијата на островот Хиос по инцидентите во прифатниот центар во Суда, кога мигрантите уништија голем дел од кампот, а потоа предизвикуваа нереди и во градот, јави дописникот на МИА од Атина.
Весникот „Катимерини“ информира дека се уште не е јасно како точно почнале немирите. Грчката полиција соопшти дека уапсила 37 мигранти по немирите во кои беа подметнати и пожари.
Според полициски извори, проблемите почнале во средата доцна попладне кога мигрантите, наводно, ограбиле две локални продавници, при што украле пиротехника и алкохол. Тогаш тие наводно запалиле огномет во близина на кампот, преплашувајќи ги околните жители.
Подоцна, според полицијата, група од околу 100 мигранти поставиле барикада на патот во близина на прифатниот центар и почнале да фрлаат камења и петарди во близина на полициски единици. Полицијата одговорила со напад на просториите во кампот.
Волонтерите кои работат со мигрантите на островот меѓутоа даваат поинаква верзија за настаните и тврдат дека членови на екстремно десничарски групи го нападнале центарот, фрлајќи камења и ги испровоцирале мигрантите да одговорат. Полициски единици за спречување немири потоа влегле во центарот за да воспостават ред.
Ова е трет пат за еден месец во овој прифатен центар да има немири и пожари. Минатата недела многу од шаторите во центарот беа поплавени по пороен дожд.
Во кампот во Суда вчера останаа околу 1.000 мигранти, а стотици беа раселени поради штетите предизвикани од најновите немири.
Градоначалникот на Хиос, Манолис Вурнус вчера контактирал со министерор за миграција Јанис Музалас пред да замине за Брисел, барајќи да се затври прифатниот центар на островот.
Претходно овој месец, Музалас вети дека центарот ќе се затвори и мигрантите ќе бидат префрлени во нов поголем објект, но тој допрва треба да се најде.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто