Бизнис
15. May 2016 - 16:53

Расте интересот за занаетчиството во Тетово како идеја за самовработување

Мерките за самовработување придонесуваат се поголем број жители на Тетовско и Гостиварско да отворат фирми кои имаат занаетчиска дејност. Така се повеќе се зголемува бројот на занаетчии кои се регистрираат во Регистарот на Регионалната занаетчиска комора во Тетово. Годинава таму се запишани преку 30 нови занаетчиии.  
 
Сличен е интересот и во Гостиварско. Таму се бележат и занаетчии кои времено работеле во странство но се вратиле поради државната помош и соодветни мерки. 
 
Во тетовскиот Центар за вработување потврдуваат дека занаетчии најмногу се интересираат за користење на бенефициате од државата. 
 
Во двете занатчиските комори регистрирани се над 2.000 вршители на занаетчиска дејност.