Македонија
21. October 2021 - 12:32

Расте интересот за трета доза во Охрид

Охрид останува и понатаму меѓу градовите со најголем опфат на вакцинирани против Ковид 19 на населението над 18 години.Што се однесува пак до третата доза иако на почетокот одзивот бил слаб имало по 3 до 7 лица деновиве интересот се зголемил само вчера бустер примиле 45 граѓани  и тоа  најчесто здравствени работници, лица над 60 години и со сериозни имунолошки заболувања но има и од помладата популација .

Заклучно со 17 октомври во Охрид со прва доза се вакцинирале 65,1 додека во Струга 45 проценти од населението. 

Вакцинацијата се одвива со добро темпо велат од Здравствен дом

Во Охрид моментално граѓаните се имунизираат со „Фајзер“ и „Синовак додека со  „Астра Зенека“ се врши ревакцинација.