Loading Video...
Свет
17. July 2021 - 16:36

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Западна Германија и Белгија, повеќе од 150 лица загинаа

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Западна Германија и Белгија. Повеќе од 150 лица загинаа а над 1 300 уште се водат за исчезнати. Според денешната статистика само во Германија досега има најмалку 135 жртви но локалните власти стравуваат дека бројката допрва ќе расте.

Германскиот претседател Штајнмаер изјави  дека е „вџашен“ од пустошот предизвикан од поплавите и вети помош за семејствата на жртвите и градовите кои претрпеа катастрофа. Утрово, нивото на водата стагнира, но ситуацијата и натаму е напната. Во Белгија пак поплавите однесоа најмалку 23 животи, а во Холандија премиерот Марк Руте прогласи национална катастрофа во јужната покраина Лимбург.