Loading Video...
Балкан
21. March 2020 - 14:15

Расте бројот на заразени во соседството

Расте бројот на заразени со коронавирус во соседството.. Во изминатото деноноќие Бугарија пријави нови 30 случаи со што вкупно се регистирани 142-ца заболени.. Земјата пријави и први три случаи на излекувани пациенти за кои се употребувала терапија за лекување вирусна пневмонија..

„Нема ниту еден медикамент кој не е употребен од 8, 10 или 12 лекови но за ниту еден тие кои завршиле голема работа нема сериозни клинички испитувања или медицински докази“ Венцислав Мутафчиски, Шеф на оперативен штаб.

Србија го регистрираше првиот смртен случај, почина 59 годишен жител на Кикинда.. Во земјата бројот на заразени се искачи на 149.. Српските власти најавиа радикални мерки за спречување на ширењето на вирусот.. Од вечерва прекинува јавниот превоз а утревечер се затвораат угостителските објекти и трговски центри..

Во Грција евидентирани се близу 500 заразени, а од појавата на вирусот, таму до сега починати се 10-мина.. Властите воведуваат и дополнителни мерки за заштита како затворање на пазари и паркови а е забрането групирање на повеќе од 10-мина..

Албанија објави дека излекувани се двајца заболени од коронавирус.. Во земјата има 70 заразени, а во државата имаше и два смртни случаи..

Во Италија секој ден се руши рекордот на смртни случаи.. Коронавирусот вчера животот го одзел на 627 заболени со што бројот на починати се искачи на 4030.. Во земјата се затворени ресторани, училишта, продавници..

Битка со пандемијата води и Шпанија.. До сега во земјата регистирани се близу 25 илјади заразени од кои починале 233 лица.. Сличен број носители на вирусот има и во Германија.. Регистирирани се над 20 илјади а жариштетот на вирусот е лоцирано во поракината Северна Рајна Вестфалија..

Заразата се шири и во соединетите американски држави каде денеска регистирирани се нови 390 инфицирани, а починале 19 и бројот на смртни случаи се искачи на 275..

Кина пак пријави дека локално нема нов случај на заразен, а регистрираните 41 случај се пациенти кои  допатувале од странство..