Македонија
12. јуни 2020 - 16:43

Расте бројот на заразени во Охрид

Охридската болница ги прифаќа заболените од Ковид-19 откако битолската е со полни капацитети. Во Инфективното одделение се примаат пациенти со лесна клиничка слика. Дополнително на располагање е и геријатриското одделение каде е предвидено да се хоспитализираат само сомнителни случаи. Максималниот капацитет е за 18 пациенти, а моментално на инфективното одделение со кислородна поддршка има 5 позитивни лица.

Зголемениот број на заразени во градот следи по семејна прослава на раѓање бебе од тој кластер заразени се 17 лица а преку 40 се ставени во самоизолација додека 10 лица се уште ги чекат резултатите.

Инаку епидемиолошката состојба во градот станува сложена денеска има нови 10 позитивни со што вкупниот број се искачи а 56 а во наредните денови ќе се знае и дали напливот на посетители за време на изминатиот викенд ќе резултира со зголемен број на тестирања но и заболени од коронавирусот.