Тенис
22. јуни 2020 - 10:13

Расте бројот на заразени на Адриа тур

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров тестираше позитивно на Ковид-19 објавено е дека се тестирани уште 22 лица кои биле во негова близина на Адрија-тур. 

Од нив 19 се негативни на тестот но тројца покажале симптоми меѓу кои и хрватскиот тенисер Борна Ќориќ кој играше последен со Димитров. Позитивни на тестот се уште и кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники и Кристијан Грох, тренерот на Димитров.