Македонија
26. September 2020 - 11:58

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешко, осум нови случаи во четирите општини

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешко, осум нови случаи се потврдени во четирите општини во изминатите 24 часа. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА потврди дека станува збор за три лица од Кавадарци и исто толку од Неготино, како и по едно од Росоман и Демир Капија.

-Тие се на возраст од 15 до 77 години, од двата пола. Највозрасниот заболен, неготинец, се лекува на инфективно одделение во Велес. Останатите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Само девојка на 15 годишна возраст потврдува дека претходно имала контакт со лице позитивно на Ковид-19. Останатите велат дека не знаат каде се заразиле, рече Јовановски.

Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.