Македонија
13. October 2018 - 17:27

Расте бројот на заболени од дијабетис во Охрид - има и деца

Расте бројот на заболени од дијабетес во Охрид а загрижува и податокот што меѓу нив има и деца.Пациентите велат дека не се задоволни од терапијата која што ја примаат ,за инсулин повеќе пати имало криза па биле принудени меѓу себе да си позајмуваат преку социјалните мрежи а реагираат и на квалитетот на глукометрите со кои се мери висината на шеќерот во крвта.

Охриѓанката Шулеска која 20 години е дијабетичар вели дека со оваа болест се живее нормално доколку навремено се прима терапијата.

Доктор Гилевска потенцира дека Македонија не заостануваме во можностите, туку во времето на дијагноза и редовноста на третманот на болеста.

Дијабетесот и дијабетичната ретинопатија е најчестата причина за слепило во земјите кои што се развиени . Во Охрид се регистрирани околу 5.000 дијабетичари,на таблетарна и инсулинска терапија.