Македонија
30. July 2021 - 16:53

Расте бројот на позитивни случаи, активните се искачија над 450

За десет дена двојно е зголемен бројот на дијагностицирани со Ковид 19. Ако на 20 овој месец имало 226 активни случаи, денешната статистика покажува скок на 456 од кои повеќе од половина се во Скопје и Тетово.  Епидемиолошката крива забрзано расте нагоре и во Битола каде во моментот имаат 17 лица со вирусот а пред само  6 дена во градот немаше ниту еден заразен. Експертите велат дека експанзијата на епидемиолошката состојба е очекувана имајќи в предвид дека се летни одмори и има голема прекугранична раздвиженост. Но најважно според нив е процентот на имунизирани од кој ќе зависи и исполнетоста на болничките капацитети.

-Се остварува она што го предвидувавмед ека средината на август и почеток на септември ќе има експанзија но она што за нас како лекари е најважно е да има што повеќе вакцинирани бидејќи на тој начин ќе има помалку искористени болнички кревети, вели др. Злате Мехмедовиќ, специјалист по трудова медицина.

Иако бројките растат во овој момент нема потреба од дополнителн ирестриктивни мерки. Но според др. Мехмедовиќ мора да бидат активирани сите епидемиолошки служби за следење на состојбата како и проекција какви мерки ќе имаме ако дојдеме до поголема бројка на заразени.

-Нема потреба во овој момент но треба да се има план што ќе се преземе ако почнеме со троцифрени и четвороцифрени бројки на заразени вели Мехмедовиќ.

Од министерството за здравство велат дека Комисијата за заразни болести будно ја следи состојбата и апелираа до граѓаните да одат на вакцинација и да избегнуваат поголеми групирања.