Расте бројот на позитивни на корона – се намалува бројот на тестови
Како што расте бројот на позитивни случаи, така се намалува бројот на тестирања кои го вршат јавните здравствени установи. Па така, во текот на изминатите 24 часа, од вкупно спроведени 1372 теста само 515 или нешто над 37% се направени во јавните здравствени установи и лаборатории.
Најмногу, 199 направил Институтот за јавно здравје. 184 теста се срповедени во МАНУ а 59 во Центарот за јавно здравје во Битола.
За разлика од државните капацитети, приватните клиники и лаборатории вчера спровеле 857 теста. Иако институтот за јавно здравје се уште ги нема објавено овие податоци, оние од претходните денови покажуваат дека процентот на позитивни во јавните здравствени установи и државни лаборатории е далеку повисок во споредба со оној во приватните клиники што е очекуван исход, ако се знае дека во приватните клиники се тестираат граѓани кои планираат да патуваат или пак имале контакт со позитивно лице а не можат да добијат упат за тестирање од матичниот лекар.
Малиот број на спроведени тестови очекувано дава и мал број на позитивни случаи па така за 24 часа, нашите лаборатории детектирале само 112 нови случаи.
Она што е загрижувачко е податокот дека во минатото деноноќие починале дури 8 лица. Од нив најмладиот има само 53 а највозрасниот 82 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на пациенти кои Министерството за здравство ги води како оздравени е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.
На почетокот на кризата надлежните предвидуваа дека ќе поминеме со околу 2.000 позитивни случаи.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО