Македонија
10. August 2019 - 16:17

Расте брoјот на повици кон Брзата помош, лекарите предупредуваат на внимателност

И болните и здравите на удар од пеколните горештини. Мозочни и срцеви удари, варирање на крвниот притисок и шеќерот во крвта се само дел од поканите во Брза Помош. Само вчера службата интервенирала кај 20 колапси од кои дел имале и посериозни здравствени компликации од горештините.

-Кај нас се покани како итни, колапси, но на лице место утврдуваме и не се само обично слошување туку има и намален или зголемен шеќер, притисок, и тие ги транспортираме до соодветните установи, вели др. Марина Сотировска раководител на смена во Брза Помош.

Горештините влијаат и на концентрацијата кај возачите и овие денови Брза Помош интервенирала кај поголем број на сообраќајни несреќи.

-Имаме и сообраќајќи поголем број, топлото време си го прави своето, вели др. Сотировска

Лекарите со апел до граѓаните да бидат внимателни и одговорни овие денови кога е најтопло и без потреба да не излегуваат после 10 часот.

-и да си носат шише обична вода со себе да се хидрираат, тоа помага многу, вели Сотировска

Овие два дена во брза помош регистрирале и смртни случаи, но според лекарите не можат да тврдат дека тие настанале поради високите температури.

Поради портокалова фаза во земјата, здравцствените власти со препорака да бидат ослободени од работа трудниците и постарите од 60 години, а градежниците да не работат на отворено во најтоплиот период во денот.