Македонија
16. November 2016 - 16:44

Расте бројот на пацинети со ХООБ - главни причини пушењето и аерозагадувањето

Од година во година се зголемува бројот на пациенти со Хронична опструктивна белодробна болест. Годишно со тешка форма на ова заболување на Институтот за белодробни заболувања се хоспитализираат околу 200 болни. Според лекарите пушењето и аерозагадувањето се главните причини за ХОББ.

Годишно по 200 пациенти со тешка форма на Хронична опструктивна белодробна болест се хоспитализираат на Институтот за белодробни заболувања во Клиничкиот Центар. Во оваа установа и на Клиниката за пулмологија дополнително болнички се третираат уште по 500 лица со ХОББ. Ова заболување и во Македонија и во светски рамки е во постојан пораст, предупредуваат лекарите. Според нив пушењето и аерозагадувањето се главни причини за зголемувањето на бројот на болни.

- Најчестите симптоми на ова заболување се отежнато дишење, недостаток на воздух, кашлица со искашлување на секрет, придружени со слабост, губење на апетит и телесна тежина, вели доц. д-р Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Ова заболување најчесто се јавува кај лицата над 40 години. Навременото откривање  според лекарите спречува компликации и потребни се редовни прегледи. На светскиот ден на ХОББ под мотото „Не е предоцна“ Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза организираше бесплатно мерење на дишната функција

Годишно во светот 3 милиони луѓе умираат од оваа хронично заболување и е трета најчеста причина за смртност.