Македонија
25. September 2018 - 16:26

Расте бројот на пациенти на Инфективното одделение, причините за труење ќе бидат познати утре

Утре ќе се знае точната причина за масовното труење со храна во Виница.

Од Кочанскиот центар за јавно здравје ги чекаат резултатите од лабораториските испитувања на земените примероци од посочената сендвичарница иако од Агенцијата за храна се сомневаат дека станува збор за бактериска загаденост.

Во меѓувреме уште едно лице со симптоми на дијареа и повраќање е хоспитализирано на Инфективното одделение во штипската клиничка болница. Пациентот посочил дека и тој јадел храна од истиот угостителски објект.

Од ДСЗИ и Агенцијата за храна во саботата ноќта ја затвориле сендвичарницата. Денеска во болницата во Виница нема нови случаи на затруени.

Според епидемиолошките податоци храна од објектот во петокот јаделе 215 лица, а над 120 завршиле на лекар. Поголемиот дел биле вработени во локална фабрика за мебел.