Македонија
22. јуни 2020 - 16:42

Расте бројот на новозаразени во Охрид

Се влошува епидемиолошката состојба, Охрид достигна трицифрен број на дијагностицирани.Денеска се потврдени 13 нови случаи на ковид 19 .

Контактите од кластерот мекици се исцрпени ,две текстилни фабрики се затворени, но имa се повеќе поединечни случаи за кои не се исклучува можноста да се  заболени како резултат на продолжениот викенд за задушница кога во градот имаше огромен број на посетители а поради непочитување на мерките се заразуваат цели семејства.

Доколку луѓето продолжат со недоговорното и несовесното однесување криејќи ги симптомите и контактите кај матичните лекари бројката на заразени постојано ќе се шири. Од Центарот за Јавно здравје велат дека вирусот не се шири сам туку луѓето го пренесуваат затоа апелираат посочуваат да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

Инаку денеска дел од хотелиерите ги отворија вратите за гостите кои ќе одлучат одморот да го поминат на  брегот на охридското езеро под посебни мерки и протоколи во време на коронавирус.