Расте бројот на нови случаи со Ковид-19 - Нема нови мерки
И покрај вчерашниот негативен рекорд со 445 новозаразени со коронавирус и уште 9-мина починати за едно деноноќие во Македонија, засега властите не планираат воведување на нови мерки за да се спречи ширење на заразата. Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче во моментот нема потреба од никакви рестрикции. Дополнително не може да се имплементира ниту последниот предложен пакет мерки од Комисијата за зааразни болести како што се задолжителното носење на маски и на отворено, забрана за групирање после 22 часот и не повеќе од четворица гости дома. За да стапат на сила потребно е во собранието да се изгласаат измени на законот за заштита на населението од заразни болести. Кога тоа ќе се случи нема најава.
Од друга страна, иако од почетокот на учебната година досега се регистрирани 43 ученици и 73 наставници позитивни на Ковид-19, а дел во децата во некои училишта се пратени во изолација и продолжуваат да ја следат наставата онлајн, Владата вчера даде зелено светло за започнување на настава со физичко присуство на уште 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари