Македонија
29. July 2020 - 16:07

Расте бројот на граѓани кои поради пандемијата немаат храна

Од 30 до 50 проценти се зголемил бројот на повици од  граѓани кои бараат да им се обезбеди бесплатен оброк, како последица од кризатата поради коронавирусот, велат од граѓанската организација „Ајде Македонија“. Од таму додаваат и дека за жал, дури и оние граѓани кои претходно биле донатори на храна, сега се јавуваат како баратели на помош.

Поради тоа аплелираат, сите оние кои имаат вишок производи,  да ги  донираат. Според информациите на „Ајде Македонија“,  во земјава гладуваат околу 15 000 луѓе, но од организацијата стравуваат дека оваа статистика е многу поголема. Освен тој бројките  покажуваат и дека земјава  годишно фрла минимум 100 000 тони храна, а ова е последица поради немањето соодветен механизам, како таа храна наместо во контејнер да заврши во рацете на оние на кои им е најпотреба.

 

 Елена Милошевска