Македонија
10. November 2018 - 16:24

Расте бројот на деца заболени од дијабет, неопходна е современа терапија и нови системи за контрола на шеќерот во крвта

Расте бројот на деца со дијабетес тип 1 во Македонија. Годишно се откриваат по околу 40 нови случаи. На клиниката за Детски болести се евидентирани околу 300 пациенти со шеќерна болест. Според професорот Зоран Гучев науката сеуште нема одговор зошто се зголемува оваа заболување кај најмладата популација. Квалитетна терапија и нови инсулински системи за мерење на шеќер во крвта во текот на 24 часа се неопходни за следење на состојбата на детето.

- Најголем број од родителите не спијат навечер и одат кај децата за да им измерат шеќер во крвта. Тоа е навистина комплицирано и им го отежнува животот. Со новите системи од еднба страна им се олеснува животот, а од друга страна луѓето се поопуштени, изјави проф. д-р зоран Гучев, од Клиниката за детски болести.

- Овозможууваат безболно и континуирано мја мерат глиќемијата на напшите деца, додаде Наташа Деспотовска Димитриевска, родител на дете со дијабетес и претседател на здружението за детски дијабетес Баланс МК.

Министерот Филипче изјави дека е запознаен со овој проблем на родителите на деца со дијабетес и најави дека за од идната година ќе обезбеделе вакви нови системи за мерење на шеќер во крвта.

За околу еден месец лицата со дијабетес во Македонија ќе ја добиваат инсулинската терапија од новиот двегодишен тендер.

За добра контрола на дијабетесот и за среќно семејство во организација на асоцијацијата се одржа форум на кој учествуваа родители но и врвни експерти од оваа област.

Александар Динев Сител телевизија