Македонија
19. August 2020 - 16:41

Расте бројот на болни во Делчево, општината нема епидемиолог

Зголемениот број на позитивни случаи на Ковид 19 во последните неколку денови го алармираше општинскиот кризен штаб во Делчево. Во моментот во Пијанец и Малешевијата нема епидемиолог, па градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, побара да им биде испратен од ЦЈЗ - Кочани, кој навремено ќе интервенира при изработка на епидемиолошки анкети и побрзо ќе се доставуваат решенијата за изолација.

Здравствениот дом „Гоце Делчев“ да формира координативно тело составено од здравствени работници од приватното и јавно здравство, со цел навремено собирање на податоците за пациентите и нивна дистрибуција до МВР и епидемиологот-изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Трајковски побара да се засилат контролите во угостителските објекти, а во сите фирми и институции строго да се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на работните места.

Инспекциските служби (пазарната), комуналните редари, инспекторот за заштита на животната средина да се поажурни и да доставуваат неделни извештаи за преземените мерки за спречување од КОВИД 19- додаде Трајковски.

Во Делчево активни се 11 случаи, од кои 3 се со потешка клиничка слика и се на болничко лекување, во Берово 7, во Пехчево 2 и во Македонска Каменица 1 случај позитивен на корона вирусот.