ОН: Расте бројот на акутно гладни луѓе во светот
Во Глобалниот извештај за прехранбената криза се наведува дека минатата година се регистрирани 124 милиони акутно гладни лица во светот, што значи дека им се загрозени животите.
Извештајот покажува дека бројот на акутно гладни луѓе е зголемен во однос на 2016 година, кога нивниот број изнесуваше 108 милиони лица. Порастот се должи пред се на новите или интензивираните судири во Мјанмар, во Нигерија, во Јемен и во Јужен Судан, како и на сушата што погоди неколку африкански држави.
ОН предуредуваат дека таквата ситуација ќе продолжи и во 2018 година, а се предвидува дека Јемен ќе остане земја во која најмногу недостасува храна.
Глобалниот извештај за прехранбената криза е годишен меѓувладин извештај на агенциите на Обединети нации, Европска унија и организации кои се занимаваат со прехранбена политика. Проектот почна во 2016 година со цел да се промовира поголема кординација помеѓу агенциите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација