Свет
17. July 2017 - 8:37

Раст од 6,9 отсто на кинеската економија

Кинеската економија задржувајќи го темпото од првиот квартал и во  второто тримесечје бележи раст од 6,9 проценти, што е за 0,1 отсто повеќе од очекувањета на аналитичарите.

Проекцијата на кинеската Влада за годинава е економскиот раст да се движи околуи 6,5 проценти.

Кинеската економија минатата година имаше најбавен раст во последните 26 години од 6,7 отсто.

Аналитичарите оценуваат дека втората економија во светот во текот на годината ќе го забави темпото на раст.