Балкан
15. December 2015 - 13:21

Раст на невработеноста во Турција

Стапката на невработеност во Турција во септември годинава порасна на 10,3 отсто од августовските 10,1 проценти, покажуваат податоците на турската државна статистичка агенција.  

Како што јави ДПА, сепак оваа стапка е помала во однос на септември 2014 година, кога без работа биле 10,5 проценти од работоспособното население во Турција.

На почетокот на 2014 година невработеноста во Турција изнесуваше нешто над девет отсто.